• мај 13, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Азески на средби со стопанствениците од Битола и Прилеп

Азески на средби со стопанствениците од Битола и Прилеп

Во рамките на засилените активности преку непосредни контакти со бизнисмените, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, денеска во Битола ќе разговара со раководствата на регионалните комори во Битола и во Прилеп. Состојбите налагаат контактите да бидат секојдневни бидејќи ситуацијата се менува од ден на ден. Сепак, основните приоритети опстојуваат и натаму и ќе бидат во фокусот на интересирањата.

 Дефинирање модел за поддршка за потрошената електрична енергија бидејќи безусловно најголем проблем за сите компании е скапата струја, поради што сметките им се зголемени и до трипати, а поскапувањето и на нафтата ја подигнува цената на транспортот, што придонесува за драстичен пораст и на крајната цена на производот.

 Олеснување и намалување на времетраењето на административните постапки за градежни дозволи за поставување фотоволтаици за сопствено производство, за да се обезбеди за краток период поевтина струја.

 Континуираниот раст на цените на суровините на светските берзи ги поскапува крајните производи и негативно се одразува врз конкурентноста на македонските производи на странските пазари.

 Моделот на јавните набавки, кој, поради фиксните цени, ги прави проектите неодржливи и кој води до колапс наа компаниите од градежниот сектор, а во другите дејности (прехранбената, металната и електроиндустријата и сл.) се најавува откажување на тендерите или носење одлуки да не се учествува на јавните набавки.

 Стабилна даночна политика до крајот на годината заради обезбедување каква-таква сигурност за бизнисот во услови на голема неизвесност и непредвидливост.

Паралелно со актуелните интервентни приоритети за бизнисот во услови на глобална мултикриза, на средбата ќе стане збор и за регионалните капитални проекти, кои мора да бидат приоритетно дефинирани затоа што се во интерес на развојот на целата држава.

Поврзани соддржини

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…
Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда…

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата…
Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино…

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и…
Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов…

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната…
Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест…

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот…
АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ…

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на…
Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително…
Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022…

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја…