• март 23, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Бектеши: Мерките се навреме донесени, нема да има рестрикции

Бектеши: Мерките се навреме донесени, нема да има рестрикции

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека мерките во енергетиката се навреме донесени и рестрикции нема да има.

Според него, во регионот Северна Македонија најдобро се справи со енергетската криза и успеа да заштеди над 20 милиони евра од Буџетот на државата и ЕСМ.

-Прв пат ги ставивме во употреба нашите домашни капацитети кои не беа во функција од 2009 година. Да, работи на мазут, но произведува 90 мегавати на час. Тие 90 мегавати на вакви берзански цени кои можат да достигнат и до 600 евра, ќе го чини буџетот милионски суми. Прв пат и приватна компанија се става во функсија на државата, со фиксна цена, рече Бектеши и додаде дека 80 отсто од фирмите се снабдуваат преку универзалниот снабдувач, додека останатите се на слободниот пазар.

Тој повторно апелира, и до компаниите и до општините, да склучат договори за снабдување со електрична енергија.

-Ниту една општина во државата не предвидела буџет за справување со енергетска криза. Општините сега очекуваат нивната задача да ја заврши централната власт, а уште утре можат да направат пренамена на средства или ребаланс на буџетот. Има општини кои уште немаат склучено договори за електрична енергија што апсолутно е недомаќинско работење. Уште еднаш сакам да ги повикам фирмите, а посебно општините и јавните претпријатија да склучат договори да не плаќаат купец плус 50 отсто, зашто тоа е неспособност на менаџментите кои со тоа го дуплираат трошокот за струја, подвлече министерот.

Според извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Дрилон Исени, очекувањата на бизнисот биле дека поголемиот дел од електричната енергија произведена во домашните капацитети, ќе се користи од страна на фирмите, но таков фидбек нема.

-Цените само од овој аспект се покачени до 400 или 500 отсто. И на тие фирми кои се на универзален снабдувач, договорите им истекуваат за кратко и немаат јасна слика што потоа. Апелиравме до нашите членки да се фокусираат на инсталирање фотоволтаици, но и тука има проблеми при обезбедување дозвола за градба, приклучување на универзалниот снабдувач… Затоа нашиот апел беше Владата да биде во функција на сите фирми насочени кон инсталирање обновливи извори. Тоа впрочем и ни е главниот апел до Влада, дека и краткорочно и дологорчно, тоа треба да и биде фокусот, потенцира Исени.

Според него, во време на криза како сегашната, бизнисот како краткорочни мерки предлага да се укинат царинските стапки за основните производи, како и да се поддржат и бизнисите и граѓаните за поставување фотоволтаици, додека долгорочно, треба да се преиспита грантовата шема во земјоделството и да се воспостави нов модел, како и да се поддржат извозно ориентираните компании.

Најголем проблем за бизнисот во моментов, како што посочи Исени, е нарушувањето на ланецот на снабдување.

Поврзани соддржини

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…
Утврдени нови цени на горивата

Утврдени нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на вкупната кредитна поддршка

Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити…

Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5%, кој во…
Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 20.02.2023 година произведе 17.091 MWh електрична енергија, која е…
Падна одлука: Поскапуваат горивата

Падна одлука: Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Падна одлука – Нови цени на горивата

Падна одлука – Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Ново значително поевтинување на горивата

Ново значително поевтинување на горивата

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната…