• декември 14, 2021
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Бесими: Предлог-буџетот е одговор на предизвиците кои претстојат, 2022 ќе биде година на забрзување на растот

Предлог-буџетот за 2022 година е одговор на предизвиците кои престојат, но е и во насока на реализација на приоритетите за следната година, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната пленарна седница на која се разгледува овој стратешки документ.

Предвидувањата за економијата на глобално ниво за 2022 година, како што посочи Бесими, се оптимистички, а во македонската економија се очекува годината да заврши согласно проектираниот раст на БДП од 4,1 процент, но со реална можност и да се надмине. Во 2022 година, економскиот раст се очекува да забрза и да изнесува 4,6 проценти во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и стабилизирање на надворешната побарувачка.

-Наредната, 2022 година ќе биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции кои во овој Предлог-Буџет се предвидени на историски највисоко ниво досега и се првпат поголеми од буџетскиот дефицит. Притоа во услови на се уште присутни ризици од пандемијата од Ковид 19, клучна ќе биде и грижата за заштита на здравјето на населението, а неизоставен дел е и редовната исплата на плати, пензии и социјални надоместоци и поддршката на економијата, нагласи Бесими.

Дополнетиот Предлог-буџет, како што рече, ги отсликува економските и социјалните политики што ќе ги спроведува Владата, а во делот на капиталните инвестиции ги спомена изградбата на патната инфраструктура од Коридор 8 и Коридор 10, подобрувањето на условите во образованието, зелената транзиција и модернизацијата на земјоделското стопанство.

– Поедноставно кажано во 2022 година ќе имаме „развоен буџет”. Развојната компонента се гледа преку зголемените средства за капитални расходи за околу 28,3 проценти во однос на 2021 година или во 2022 година се предвидени 8,4 милијарди денари повеќе за капитални проекти, рече Бесими, додавајќи дека е запазено т.н. „златно правило” во јавните финансии, односно за првпат капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит.

Вкупните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 272,4 милијар и денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се планираат на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот епроектиран на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП,а капиталните инвестиции ќе изнесуваат 38,2 милијарди денари.

Министерот најави отчетност и транспареност при буџетирањето, а како поддршка на буџетот донесени се повеќе стратешки документи со среднорочна рамка како што се Фискалната стратегија, Стратегијата за јавен долг, Планот за забрзан економски раст, Планот за јавни инвестиции….

Во Предлог-буџетот се вградени и 23 амандмани во вкупна вредност од 382 милиони денари, од кои, како што посочи Бесими, најголем дел се од опозицијата. Дел од нив се и амандманот за создавање на интервентен фонд во земјоделството и амандманите за енергетска ефикасност.

За опозицијата, Предлог-буџетот во висина од 4,4 милијарди евра е најобемниот буџет досега, нереален и неразвоен. Според опозицијата, не се предвидени пари за енергетската криза, а висок е и проектираниот буџетски дефицит. Проекциите за капиталните инвестиции, сметаат, дека се лага имајќи предвид дека нивната реализација во изминатите години е мала.

– Во овој Буџет, Владата не предвидела средства за справување со енегретската криза која долго време ја игнорираше пред да стане работата сериозна. Граѓаните се оставени сами на себе, рече Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, забележувајќи дека Предлог-буџетот е подготвен во период кога Владата не знаела каков ќе биде исходот од локалните избори.

Министерот за финансии во репликата на Стојановски, нагласи дека има пари во висина од 90 милиони евра предвидени за мерки за кризи.

Расправата за Предлог-буџетот, кој е во второ читање, треба да заврши за пет дена. Претходно, Предлог-буџетот беше разгледан на собраниската Комисија за финансирање и буџет од каде повторно беше вратен во Владата и дополнет со усвоените амандмани.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…