Биткоинот го урна сопствениот рекорд – достигна 124.000 долари

Во средата навечер, цената на биткоинот за првпат во историјата ја проби границата од 124.000 американски долари, надминувајќи го досегашниот максимум од 123.000 долари поставен минатиот месец. Веднаш по овој историски скок, вредноста благо се намали.

Последниот подем на најпознатата криптовалута е поттикнат од новите регулаторни промени во САД, иницирани под водство на претседателот Доналд Трамп, кој отворено го поддржува развојот на крипто индустријата. Според медиумските извештаи, ваквите потези ја зајакнаа довербата на инвеститорите и придонесоа за забрзан раст на цената.

Можеби ќе ве интересира...

Се одржа 52. сесија на Клубот на истражувачите

BiznisPRO

КАКВА СУДБИНА ГО ЧЕКА ГИГАНТОТ: Фолксваген сака да затвори три од десет фабрики, но и да ја намали платата на преостанатите работници

BiznisPRO

СЛЕДУВА ЕДЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ЗА ОВАА ГОДИНА, А ВО 2026-ТА ДУРИ 7 – Објавена е листата на неработни денови за следната година

BiznisPRO