Биткоинот потона за 5 отсто – Потегот на Трамп не даде резултати, крипто светот во разочарување

Крипто светот е во разочарување по неколкуте силни падови на биткоинот и неуспехот еуфоричната победа на Доналд Трамп да ја подигне оваа валута на висока вредност.

Како што покажуваат податоците Биткоинот падна во понеделникот бидејќи нестабилноста на цената на најголемата криптовалута во светот продолжи по извршната наредба потпишана од претседателот Доналд Трамп за создавање стратешка резерва на биткоин за САД.

Биткоинот се тргуваше за 81.712 долари, што е намалување за повеќе од 5 отсто.

Како што е посочено резервата која ја најави трамповата администрација ќе биде финансирана од монети запленети во кривична и граѓанска постапка за одземање имот, а нема планови за американската влада да купува дополнителни биткоини. По објавувањето на стратешките резерви минатиот четврток, цените на криптовалутите паднаа бидејќи инвеститорите беа разочарани што тоа не беше поагресивна програма.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе чинат девизите денес? Курсна листа за 1.03.2025

BiznisPRO

Управата за јавни приходи известува дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ

BiznisPRO

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен е 40.961 денари

BiznisPRO