Божиновска во Брисел: Со заеднички сили до стратегија за чиста енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е членка на Управувачкиот комитет на Мрежата на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања (Women Public Sector Climate Leaders Network). Со ова членство, таа директно се вклучува во утврдувањето на стратешките насоки на Мрежата и во европскиот дијалог за климатските политики, чистата енергија и одржливите инвестиции.

Божиновска денеска во Брисел учествува на основачкиот собир на Мрежата, посветен на спроведувањето на климатските цели, забрзувањето на енергетската транзиција и поврзувањето на јавните политики со инвестициите и технолошкиот развој.

Управувачкиот комитет ги утврдува стратешките приоритети на Мрежата и придонесува во подготовката на високите политички дијалози. За Македонија, учеството на министерката претставува можност за размена на искуства и воспоставување контакти за идна соработка во развојот на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и модернизацијата на инфраструктурата.

На дневен ред се и климатската отпорност, заштитата на водните ресурси, циркуларната економија и примената на дигиталните технологии и вештачката интелигенција. Посебен акцент се става на соработката меѓу владите, европските институции, финансискиот сектор и бизнис-заедницата во реализацијата на климатските цели.

Мрежата е основана од Women Political Leaders (WPL) во партнерство со Мрежата на жени лидери за климата на Групацијата на Европската инвестициска банка, со цел да се зајакне придонесот на жените на раководни позиции во јавниот сектор во креирањето и спроведувањето на климатските политики.

 

фото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Можеби ќе ве интересира...

Средба Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните

BiznisPRO

United Group постигна договор за продажба на SBB Србија на e& PPF Telecom, како и Net TV Plus и правата за спортски преноси за Западен Балкан на Телеком Србија

BiznisPRO

Златни медали за „Tikveš Châteaux & Domaines“ од реномираниот француски магазин „Terre de vins“

BiznisPRO