Бројот на туристите во јуни 2025 година изнесува 126 415, од кои 20.1 % се домашни туристи, а 79.9 % се странски туристи

Бројот на туристите во јуни 2025 година изнесува 126 415, од кои 20.1 % се домашни туристи, а 79.9 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во јуни 2025 година изнесува 243 157, од кои 26.7 % се од домашните туристи, а 73.3 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13.5 %, односно кај домашните туристи има намалување за 2.5 %, а кај странските има зголемување за 19.7 %.

Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 8.5 % така што кај домашните туристи има намалување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 13.3 %.

Главни поенти
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во јуни 2025 година:

34 366 од Турција
8 897 од Србија
8 011 од Германија
3 604 од Холандија

Можеби ќе ве интересира...

УЈП ОБЕЛОДЕНИ: Еве кои граѓани што работат во странство или примаат заработка од таму треба да пријават ДАНОК!

BiznisPRO

Амбасадорот на Швајцарија, Зомер, во посета на ТИТАН Усје: Размена на искуства и добри практики за циркуларната економија

BiznisPRO

Се токми нова цена на горивата

BiznisPRO