Бруто платата во просек достигна изнесува 62.573, нето 41.585 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 110.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12.8 %), Уметност, забава и рекреација (12.0 %) и Преработувачка индустрија (11.9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.9 %), Административни и помошни услужни дејности (5.1 %) и Преработувачка индустрија (2.9 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесува 62 573 денари, додека нето 41.585 денари.

Можеби ќе ве интересира...

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

BiznisPRO

Wizz Air го најави започнувањето на своето „All You Can Fly“ членство

BiznisPRO

Просечната плата достигна 41.252 денари

BiznisPRO