Регион

БУГАРИЈА СО НОВ ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИК – Дефицит од 5 проценти и инфлација над европскиот просек

Европската комисија прогнозира дека бугарската економија ќе оствари раст од 2,7 проценти во 2026 година, но во 2027 година растот ќе забави на 2,1 процент. Според новите есенски прогнози објавени на 17 ноември, домашната потрошувачка и инвестициите ќе останат важни двигатели на економијата, но високите цени на енергенсите и услугите ќе продолжат да ги оптоваруваат домаќинствата и компаниите.

Инфлацијата во 2026 година се прогнозира на 4,6 проценти, а за 2027 година на 3,9 проценти. Истовремено, буџетскиот дефицит се очекува да достигне 5 проценти од БДП оваа година, пред да се намали на 4 проценти во 2027 година.

Комисијата предупредува и на постепен раст на јавниот долг, кој би можел да достигне 37,7 проценти од БДП во 2028 година. Поради интензивните трговски врски и географската близина, економските движења кај источниот сосед се важни и за македонските извозници, транспортери и трговци.