Бундесбанк во загуба за прв пат од 1979 година

Германските медиуми соопштуваат дека Бундесбанката минатата година ја заврши со загуба, првпат од 1979 година. Како што се наведува виновникот е каматната политика на Европската централна банка (ЕЦБ), која ги исцрпи резервите на Германија.

Во извештајот, Бундесбанк соопшти дека изгубила околу 19,2 милијарди евра во 2024 година и предупреди дека тоа може да се повтори оваа година, иако во помал обем.

Врвот на товарот веројатно е завршен“, рече претседателот на Бундесбанк Јоаким Нагел на презентацијата на билансот на состојба во Франкфурт.

На презентацијата на извештајот за 2023 година пред 12 месеци, Нагел најави „посна“ година и предупреди дека Бундесбанката нема да придонесува за државните приходи.

„Очекуваме дека некое време нема да можеме да распределуваме профит“, рече тогаш тој.

Германското Министерство за финансии со години рутински проектира буџет со околу 2,5 милијарди евра профит за Бундесбанк. Во изминатите неколку години тоа не можеше да го направи поради влијанието на инфлацијата и каматната политика.

Германската централна банка едвај остана во црно во 2023 година, но влезе во 2024 година со само 700 милиони евра резерви.

Во 2022 година, ЕЦБ, обидувајќи се да го заузда бранот на инфлација во еврозоната, почна брзо да ја зголемува основната каматна стапка. Оттогаш, инфлацијата стивна, а ЕЦБ во меѓувреме почна да ги намалува каматните стапки.

Можеби ќе ве интересира...

И Германија оваа година ќе ја заврши со економски пад

BiznisPRO

Извештај на ЕК: Висока усогласеност со ЕУ во делот на монетарната политика

BiznisPRO

Значителен пад на цените на горивата – еве ги новите цени

BiznisPRO