Членките ја надминаа целта: Европските складишта за гас се полни пред зимата

Војната во Украина ја разоткри зависноста на Европа, а особено на Германија, од рускиот гас. Мерките против тоа функционираат, како што покажуваат речиси полните складишта за гас.

Според податоците на Европската комисија од четвртокот, магацините во земјите членки се со капацитет од 95 отсто месец и половина пред доаѓањето на зимата.

Според прописите што во меѓувреме ги усвои Европската унија, магацините на 1 ноември мора да бидат на 90 проценти. Затоа и оваа есен, како и лани, членовите ја надминаа целта.

Германија со закон пропишува дека на 1 ноември магацините мора да бидат на 95 отсто, а на 31 октомври биле на 98 отсто.

Складиштата за гас се користат за амортизирање на ненадејните скокови на потрошувачката, на пример за време на излив на ледено време.

Можеби ќе ве интересира...

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на три месечно ниво

BiznisPRO

„ Рокот за аплицирање истекува на 31 август – Аплицирајте навреме за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија“

BiznisPRO

ВОНРЕДНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА: Дизелот поскапува значително – ова се новите цени

BiznisPRO