Членките на ЕУ купуваат значително повеќе руски гас отколку пред инвазијата на Украина

Членките на Европската унија сега купуваат значително повеќе руски течен природен гас (ЛНГ) отколку пред инвазијата на Украина, а најголеми купувачи се Шпанија и Белгија, покажува истражувањето на невладината организација „Глобал витнес“.

Во првите седум месеци од оваа година, членките на ЕУ купиле 22 милиони кубни метри руски ЛНГ, што е за 40 отсто повеќе отколку во истиот период во 2021 година, покажуваат податоците на „Глобал Витнес“, пренесува Хина.

Земјите од ЕУ сега заедно купуваат повеќе од половина од глобалната понуда на Русија, а скокот на увозот е неколку пати поголем од светскиот просек од шест отсто, додека вредноста на увозот изнесува 5,29 милијарди евра.

Во март, еврокомесарот за енергија Кадри Симсон ги повика членките и компаниите на ЕУ да престанат да купуваат руски течен гас, а шпанската министерка за енергија Тереза ​​Рибера побара од купувачите во Шпанија да престанат да потпишуваат договори за руски гас.

Неодамнешната истрага на „Глобал Витнес“ покажа дека британскиот Шел и францускиот Тотал продолжиле да тргуваат со руски течен гас и по почетокот на руската инвазија на Украина. Тотал е најголемиот купувач со речиси 4,2 милиони кубни метри руски ЛНГ од почетокот на годината.

Од март до декември минатата година „Шел“ купи и продаде 12 отсто од рускиот извоз, што е повеќе од седум и пол милиони кубни метри, велат авторите на резултатите од посебна анализа. Шпанија сега е на второто место на глобалната листа на купувачи на руски течен гас, веднаш зад Кина, со удел во руската продажба од 18 отсто, додека Белгија е на трето место со 17 отсто. Во 2021 година беа на петтото и седмото место.

Можеби ќе ве интересира...

Најлошо во последните 20 години: Инфлација над 200 отсто

BiznisPRO

Во Австрија отворена истрага – се проверува зошто не паднале цените на горивата

BiznisPRO

Цените на недвижностите конечно паѓаат

BiznisPRO