Делегација на Бордот на Директори на ЕБОР доаѓа во посета на Северна Македонија од 14 до 18 Октомври

Претставници од Бордот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) пристигнуваат на 14 Октомври во петдневна посета на Северна Македонија, за време на која ќе се сретнат со Владини претставници, претставници од граѓанскиот сектор, инвеститори и претприемачи.

Целта на посетата е да се запознаат со економската и инвестициона клима, и да ги идентификуваат клучните области на ангажманот на ЕБОР, во насока на интензивирање на деловниот и политичкиот дијалог.

Домаќин на делегацијата е Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија. Бордот на ЕБОР ќе биде претставуван од:

• Шун Цучида, Советник на Бордот за Јапонија
• Инка Мулерова, Советник на Бордот за Чечија
• Диого Лопез Монтеиро, Советник на Бордот за Португалија
• Ариана Калиари, Советник на Бордот за Италија
• Енрике Мадерел, Советник на Бордот за Северна Македонија, Холандија, Кина, Монголија и Арменија

Советниците на Бордот ќе се сретнат со Министерката за енергија, рударство и минерали, Сања Божиновска и Државната Советничка во Министерството за енергија, Елена Ивановска. Ќе остварат и средби со претставнички на Народната Банка на Република Северна Македонија, Емилија Нацевска и Ана Митреска, Вице Гувернерки и Викторија Глигорова, Генерален Директор на Одделот за супервизија.
Делегацијата ќе оствари средби и со претставници на меѓународните финансиски институции, комерцијални банки и енергетски компании (МЕПСО, ЕСМ и НОМАГАС), како и претставници на граѓанскиот сектор и дипломатската заедница.
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над ЕУР 2.9 милијарди во 196 проекти, фокусирајќи се на поддршка на конкурентноста преку зајакнување на ланецот на вредности, надградба на вештините на работната сила, зајакнување на управувањето, унапредување на регионалната интеграција и поврзување на меките вештини, поддршка на доближување до Европската Унија и натамошна транзиција на зелената економија преку поодржлива комбинација на енергии и поголема ефикасност на ресурсите.

Можеби ќе ве интересира...

Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации – Натамошно забавување на инфлацијата, при што на среден рок ќе се врати кон историскиот просек од 2%

BiznisPRO

Годишен раст на зелените кредити од 26% во првиот квартал од 2024 година

BiznisPRO

Лоша вест: Поскапуваат бензините и нафтата

BiznisPRO