• октомври 31, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Делова-Јолевска од Народната банка: Штедењето во денари е безбедно и исплатливо

Делова-Јолевска од Народната банка: Штедењето во денари е безбедно и исплатливо

„Штедењето е еден од битните предуслови за подобар живот на секој поединец и семејство, но и значаен фактор за унапредување на економскиот развој“, истакна Евица Делова-Јолевска, директорка на Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација при Народната банка во гостување на Македонската телевизија по повод Денот на штедењето.

Делова-Јолевска истакна дека населението е традиционално најзначајниот доверител на домашните банки. Депозитите на населението се со највисоко учество од околу 66% во вкупната депозитна база на банките и историски наназад бележат постојан раст со различна динамика. Така, на крајот на третиот квартал од оваа година вкупните депозити на населението изнесуваат околу 317 милијарди денари, што е за 16 милијарди денари или за 5,4% повеќе од истиот период минатата година.

Говорејќи за активностите за финансиска едукација коишто ги презема Народната банка, директорката на Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација нагласи дека е обезбедена рамката за унапредување на финансиската едукација и инклузија, преку донесувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, од страна на сите финансиски регулатори, а под водство на Народната банка, којашто вклучува низа активности за нивно унапредување во различни сегменти на финансискиот систем. Притоа, ги посочи активностите во минатата година, кога и во услови на здравствена криза беше забележан рекорден број одржани 102 предавања, спроведени преку интернет-платформи, на различни теми со учество на 6350 слушатели.

„Финансиската едукација има за цел да им даде на граѓаните знаења и вештини за да ги разберат предностите и придобивките од користењето различни финансиски услуги, но истовремено и да имаат зголемена свесност за ризиците од користењето на тие услуги, како и нивните законски права и обврски за да можат да донесат одлуки засновани на доволно информации, пред, но и за време на и по користењето одреден производ или услуга“, рече Делова-Јолевска. Таа додаде и дека „финансиската едукација е особено важна во современите динамични услови и е фактор којшто значително влијае врз нивото на користење нови финансиски производи коишто се нудат на пазарот со современи, дигитални и иновативни решенија.“

Делова-Јолевска, која зборуваше по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври, рече дека нема никаква дилема дека треба да се штеди во банките, бидејќи депозитите на граѓаните се безбедни, а банкарскиот сектор е стабилен. Таа истакна дека чувањето пари дома воопшто не е препорачливо, бидејќи се подложни на висок ризик од кражба и други несакани ситуации, наспроти нивната сигурност во банките и штедилниците, но и дека чувајќи пари дома, граѓаните губат средства врз основа на камата.

Народната банка и натаму ја одржува стабилноста на домашната валута, денарот е стабилен и ќе биде стабилен и во иднина, па директорката ја истакна и предноста од штедењето во денари, наспроти девизните депозити. „Држењето средства во странски валути е нерационална одлука и прави неоснована штета, бидејќи граѓаните плаќаат повисока цена и за промената на валутите и губат принос, со оглед на тоа дека каматните стапки на девизните заштеди се пониски“, вели Делова-Јолевска.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…