Димитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли и високи претставници на ММФ – Фискалната дисциплина и поддршка на економскиот раст се клучните приоритети на кои работиме

Министерството за финансии вложува напори и спроведува активности кои се во насока на имплементација на реформите во доменот на упраувањето на јавните финансии и спроведување дисциплинирана фискална политика со постепено намалување на буџетскиот дефицит, а при тоа да не го загрози растот. Тоа ја носи државата напред и создава услови за подобар животен стандард на граѓаните. Ова беше истакнато од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на состаноците со високи претставници на ММФ во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ што годинава се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

На состаноците со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, министерката истакна дека клучен приоритет за Владата и Министерството за финансии е да се оствари определбата за фискална консолидација на среден рок согласно Фискалната стратегија и истовремено да поттикнеме повисок економски раст.

„Во моментов во Министерството за финансии се подготвува Буџетот за 2027 година, а веќе во собраниска процедура е Ребалансот на Буџетот за 2026 година. Особено сме внимателни во управувањето на јавните финансии, имајќи предвид дека со соочуваме со голема неизвесност и потребата од преземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но и поддршка на бизнисот. Во таа насока со Ребалансот правиме интервенции и на приходната и расходната страна со цел да ја задржиме фискалната дисциплина и да не предизвикаме притисок врз буџетскиот дефицит“, рече министерката.

При тоа додаде дека буџетскиот дефицит останува во рамки на проекцијата и е насочен кон реализација на развојните политики на Владата, односно поддршка на големите инвестициски проекти.

Ова, според министерката, особено е важно за поддршка на економскиот раст и продолжување на овој тренд на стапки на раст од над 3% во изминатите две и пол години.

На состаноците беше наведено дека во вториот квартал од 2026 година, БДП забележа годишен раст од 4,3%, што претставува највисок раст во постковид-периодот. Тоа го потврдува продолжувањето на позитивните економски движења и отпорноста на домашната економија во услови на неизвесност во глобалното економско опкружување. Растот во првиот квартал изнесуваше 3,1%, со што растот во првата половина од годината достигна 3,7%. Особено е важно дека еден од факторите на кои се темели е високиот раст на бруто инвестициите, поддржани преку Буџетот. Исто така, согласно Фискалната стратегија 2027-2031, бруто инвестициите ќе продолжат да бидат еден од главните двигатели на економскиот раст.

Создавањето предуслови за нов циклус економски раст преку реализација повисоко ниво на капитални инвестиции, постепена фисклана консолидација и унапредување на упраувањето со јавните финансии се основните цели на Фискалната политика за периодот 2027–2031 година. Истовремено, спроведувањето на фискалната консолидација создава основа за заачувување стабилноста и одржување одржлив и инклузивен економски раст. Во овој контекст потенцираше министерката дека буџетскиот дефицит согласно среднорочните проекции ќе се спушти на 2,8% во 2029 година.

На состаноците се осврнавме и на пензискиот систем во земјава при што од страна на ММФ беше изразен интерес за поставеноста на вториот пензиски столб. Ова прашање особено ќе биде во фокусот на следната Мисија на ММФ планирана за ноември во Македонија. Ова е и во контекст на прегледот на јавните расходи (Spending Review) од страна на Светска банка во кој е опфатено и прашањето на пензискиот систем, а со цел да се обезбеди подетална анализа на состојбите и унапредување на неговата одржливост.

На состанокот беа поздравени напорите на Владата за спроведување фискална консолидација и беше истакнато охрабување да продолжи со реформите кои ќе го зајакнат управувањето и ја зголемат отпорноста на јавните финансии.

фото Министерство за финансии

Можеби ќе ве интересира...

УЈП: Навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите

BiznisPRO

Следува исплата на К-15 – над 84.000 админитравци ќе добијат по 11.000 мкд

BiznisPRO

ПРОМЕТОТ ВО МАЛОПРОДАЖБАТА РАСТЕ: Храната, пијалаците и тутунот со реален раст од 11,3 проценти

BiznisPRO