Доларот ослабна четврта недела по ред

Како што покажуваат најновите податоци, на девизните пазари доларот ослабна во однос на кошничката валути четврта недела по ред, при што најмногу падна во однос на јенот бидејќи се проценува дека јапонската централна банка наскоро може да ја заостри монетарната политика. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,3 отсто, на 100,42 поени, блиску до најниското ниво во повеќе од една година.

Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот остана речиси непроменет, на 1,1162 долари.

Сепак, американската валута ослабе во однос на јапонскиот јен, за 1,1 отсто, а нејзиниот курс се лизна на 142,20 јени.

Во текот на неделата, индексот на доларот се лизна на само 100,15 поени, најниско ниво од јули минатата година, но подоцна донекаде закрепна.

Слабоста на доларот е последица на очекувањето дека американската централна банка, по неодамнешното намалување на каматните стапки за 0,50 процентни поени, ќе го продолжи циклусот на намалување на цената на парите веќе во ноември – за најмалку 0,25 процентни поени.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на нафтата над 71 долар

BiznisPRO

Златото на ново највисоко ниво на сите времиња

BiznisPRO

Германската државна банка продаде 110 милиони акции на Дојче Телеком

BiznisPRO