Доларот „падна“, еврото на на најниско ниво во последните 5 години

Доларот денеска малку се повлече од својот 20-годишен максимум, но април сепак ќе заврши со највисок месечен раст во последната деценија, поттикнат од облозите на играчите на пазарот дека референтните каматни стапки во САД значително ќе се зголемат, но и поради нивната загриженост за економскиот раст во Европа и Кина.

Американската валута растеше секоја недела во април, зголемувајќи се на повеќе од 130 јени во однос на нејзиниот јапонски ривал оваа недела за прв пат од 2002 година, по одлуката на Банката на Јапонија (БОЈ) да се држи до својата политика за супер ниски приноси.

Индексот на доларот, кој по падот на јенот достигна највисоко ниво во последните две децении од 103,93 поени, денеска падна на 103,40 поени, но овој месец зајакна за повеќе од 5,1 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Најголемиот државен фонд во светот загуби 34 милијарди долари

BiznisPRO

Цените на нафтата надминаа 99 долари по руското признавање на Доњецк и Луганск

BiznisPRO

Криза во Германија: Се повеќе работници губат работа

BiznisPRO