Доларот значително ослабе, Еврото со историски раст во последниве 16 години

Според последните податоци, Еврото во однос на доларот забележува најголема неделна добивка во последните 16 години, затоа што вредноста на доларот во однос на кошничката валути драстично падна оваа недела, при што курсот на еврото во однос на американската валута скокна за повеќе од четири отсто, најмногу во последните 16 години.

Според индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни валути, забележан е пад за 3,4 отсто оваа недела на 103,90 поени, што е најниско ниво од ноември.

Курсот на еврото во однос на доларот скокна за 4,4 отсто на 1,0830 долари.

Американската валута ослабе и во однос на јапонската, за 1,7 отсто, лизгајќи се на 148,04 ЈПЈ.

Дали царините кои ги воведе Трамп за Кина, Мексико и Канада и нормално очекуваниот реципроцитет од погодените држави е причина за најголемиот неделен пад на индексот на доларот од ноември 2022 година?

Во меѓувреме администрацијата на Доналд Трамп се спрема за трговска војна и со ЕУ, за што веќе наголемо земјите членки на Унијата подготвуваат различни реципрочни сценарија и брз одговор.

Можеби ќе ве интересира...

Американците шверцуваат јајца: Преку граница се поевтини за 70 отсто

BiznisPRO

Трговската размена на Северна Македонија во пад – Дефицитот достигна 144 милијарди денари во првите девет месеци од 2024 година

BiznisPRO

Инфлацијата успорува: Паѓаат ли каматните стапки?

BiznisPRO