Регион

ЕДИНАЕСЕТ СИНДИКАТИ ОДИЈА НА МИРЕЊЕ – Хрватска без договор за платите во јавните служби

Единаесет синдикати во хрватските јавни служби соопштија дека започнуваат постапка за помирување со Владата. До тој чекор дојде откако ја одбија понудата за платите во 2027 година, оценувајќи дека предложениот раст заостанува зад очекуваниот раст на платите во стопанството.

Владината понуда предвидувала зголемување на основицата за два проценти во јануари и за уште 1,5 проценти во јули. Синдикатите велат дека доколку помирувањето не донесе договор, можни се синдикални акции, вклучително и штрајк. Штрајк засега не е закажан.