Советот на Европската Унија денеска воведе нови рестриктивни мерки против 12 физички лица и 101 правен субјект поврзани со финансирањето и поддршката на руските воени активности против Украина.
Новите санкции опфаќаат речиси 50 руски банки и финансиски институции, компании од нафтениот и енергетскиот сектор, како и субјекти поврзани со таканаречената руска флота во сенка. Меѓу опфатените се и претставници на електронската трговија и компании поврзани со транспортот на руска нафта.
Мерките предвидуваат замрзнување имот и забрана за ставање финансиски средства на располагање на санкционираните лица и компании. За физичките лица важат и ограничувања за патување во Европската Унија.
