Европа има 104 погони за производство на автомобили

Речиси 16,4 милиони автомобили се произведуваат годишно во 104 фабрики во Европската унија и во земјите кои не се членки – Србија, Турција и Велика Британија, покажуваат податоците на Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).

Од вкупно 20 земји во кои се произведуваат возила, најмногу фабрики има Германија – 24, потоа Велика Британија со 19, Франција со 12 и Италија и Шпанија со девет, односно осум.

По четворица производители имаат погони во Чешка, Словачка и Турција и по три фабрики во Белгија и Унгарија. По две фабрики се изградени во Холандија, Португалија, Шведска и Романија, додека Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Финска и Полска имаат по една.

Фолксваген има најмногу погони
Германските фабрики главно произведуваат автомобили кои се првично домашни марки: BMW, Volkswagen, Audi и Mercedes Benz, но и Škoda и Opel/Vauxhall. Има и погони за производство на автомобили Форд и Стелантис и една фабрика за електрични возила Тесла. Сепак, некои од овие брендови сега припаѓаат на мултинационални компании, на пример Opel, чие седиште се уште е во Германија, но е дел од Stellantis.

Слично е и во другите големи европски земји каде доминираат домашните брендови. Спротивно на тоа, во Чешка, Словачка, Турција, па дури и Австрија се произведуваат автомобили Hyundai, Toyota, Kia, а во Унгарија Suzuki. Хрватска има свој производител – Римац Груп.

Кога станува збор за производителите, германскиот Volkswagen и мултинационалната групација Stellantis, која се води како холандска компанија и е создадена со спојувањето на Fiat-Chrysler и францускиот концерн PSA, имаат најмногу капацитети за производство на автомобили во Европа. Тие два концерни имаат по 20 фабрики за производство на автомобили во Европа. По нив следуваат Рено со осум, БМВ со шест и Тојота со пет фабрики.

Можеби ќе ве интересира...

Кина поднесе жалба поради канадските царини за електрични возила

BiznisPRO

Позната компанија го прекинува производството

BiznisPRO

Ќе ги забрани ли Европска унија автомобилите со внатрешно согорување во 2035 година?

BiznisPRO