ГАСОТ ВО ЕВРОПА НАЈСКАП ВО ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ – зимата почнува со нов ценовен притисок

Европа ја започнува грејната сезона со највисоки цени на природниот гас од крајот на 2022 година. На холандската берза TTF цената за испорака во ноември достигнала 87,32 евра за мегават-час, а од почетокот на годината вредноста на гасот е повеќе од двојно зголемена.

Дополнителен проблем претставува состојбата со резервите. Европските складишта се наполнети до 74,1 процент од капацитетот, наспроти 83,04 проценти во истиот период минатата година. Нарушувањата на испораките на течен природен гас преку Ормускиот Теснец го зголемуваат притисокот врз енергетските пазари.

Можеби ќе ве интересира...

Продолжен рокот за државната поддршка – нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

BiznisPRO

Грејната сезона почнува на 15-ти октомври 2024

BiznisPRO

МЕМО: Официјално започна тргувањето во евра на Македонската берза на електрична енергија

BiznisPRO