Годишната стапка на инфлација во еврозоната во февруари беше потврдена на 2,6 отсто

Годишната стапка на инфлација во еврозоната падна во февруари од 2,8 во јануари на 2,6 отсто, во согласност со претходните прелиминарни проценки, објави Евростат на својата веб-страница.
Прехранбените производи, алкохолот и тутунот се зголемени за 3,9 отсто на годишно ниво, а на индустриските производи освен енергијата за 1,6 отсто и во двата случаи со побавно темпо од јануари.

Инфлацијата во услужниот сектор изнесува четири отсто, а енергенсите паднаа за 3,7 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во еврозоната беше потврдена на 3,1 отсто, па сега е на најниско ниво од март 2022 година.
На месечна основа, цените во еврозоната во февруари пораснаа за 0,6 отсто. Годишната стапка на инфлација во Европската унија падна во февруари од 3,1 отсто во јануари на 2,8 отсто.

Најниска годишна стапка на инфлација во ЕУ во февруари е забележана во Летонија и Данска, по 0,6 отсто, Италија 0,8 отсто, а највисока во Романија 7,1 отсто, Хрватска 4,8 отсто, Естонија 4,4 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Државата дели субвенции: Секој што ќе купи поново возило во Србија ќе добие до 2100 евра, зошто ваква мерка не се применува и кај нас?

BiznisPRO

ПЛАТИТЕ ОСТАНУВААТ ИСТИ: Германија воведува четиридневна работна недела

BiznisPRO

Америка: Се размислува за драстични мерки за Јунајтед ерлајнс по безбедносните инциденти

BiznisPRO