Американската туристичка групација Expedia постигна договор за преземање на чешката компанија Kiwi.com, позната по својата онлајн платформа за пребарување и резервирање авионски билети.
Со аквизицијата, Expedia планира да го прошири присуството во европскиот сегмент на авионски резервации и да ги искористи технолошките решенија развиени од чешката компанија. Kiwi.com веќе опслужува милиони патници.
Трансакцијата сè уште не е завршена. Според официјалното корпоративно соопштение, нејзиното финализирање се очекува во првата половина на 2027 година, доколку бидат исполнети потребните услови.
