Грејната сезона почнува на 15-ти октомври 2024

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно Правилата за снабдување со топлинска
енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, грејната сезона започнува на 15 октомври 2024 и завршува на 15 април 2025 година.

Но доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС, тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април.

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории во
времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

РКЕ апелира до станарите, односно заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите, и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници. Во исто време РКЕ и со официјален писмен допис побара од снабдувачите со топлинска енергија информација за спремност за старт на грејната сезона.

Согласно последната одлука од 1 август 2024, сметките за топлинска енергија за домаќинствата се пониски за 3,16 %, додека околу 1200 фирми, училиштата и институции кои се приклучени на централното градско греење ќе имаат пониска цена за 17 %

Можеби ќе ве интересира...

Нема повисоки плати за наставниците, минималецот нема да биде 450 евра

BiznisPRO

МАПАС: Членовите со бенефициран стаж до 17 септември да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд

BiznisPRO

Wizz Air го најави започнувањето на своето „All You Can Fly“ членство

BiznisPRO