Гувернерот Славески до студентите практиканти: „Вие сте дел од иднината на централното банкарство“

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои започнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства.

Средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј којшто го отсликува долгогодишниот придонес на институцијата во градењето на довербата во националната валута и одржувањето на макроекономската стабилност.

„Вие сте дел од иднината. Искористете ја практикантската работа најдобро што можете – поставувајте прашања, учете од вашите ментори и бидете отворени за нови идеи“, порача гувернерот Славески.

Студентите практиканти ќе имаат можност да се запознаат со работата на различни организациски единици на Народната банка, вклучително монетарната политика и истражувањето, финансиските пазари, статистиката, информатичката технологија, правните работи и трезорското работење, стекнувајќи поширока слика за функционирањето на една современа централна банка.

фото Народна Банка

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 17 октомври 2024

BiznisPRO

101.000 ЛУЃЕ РАБОТАТ НЕФОРМАЛНО, ПОЛОВИНАТА СЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – Колкав дел од нашата храна се произведува во сива зона?

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите во петок? Курсна листа за 27 декември 2024

BiznisPRO