Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

(Скопје, 17.12.2025) – Халкбанк АД Скопје и Ракометната федерација на Македонија официјално го продолжија своето партнерство и за 2026 година, со што банката и понатаму останува еден од клучните поддржувачи на македонскиот ракомет.

Со продолжувањето на соработката што започна во 2018 година, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата долгорочна посветеност на развојот на еден од најуспешните и најпрепознатливи спортови во земјата. Партнерството е насочено кон поддршка на активностите и настапите на македонските машки и женски ракометни репрезентации, кои континуирано ја претставуваат државата на меѓународната спортска сцена и остваруваат значајни резултати.

Договорот беше потпишан во просториите на Халкбанк АД Скопје, од страна на директорот на Халкбанк АД Скопје, Фатих Шахбаз и претседателот на Ракометната федерацијана Македонија, Алесандар Стефанов.

„Горди сме што и во 2026 година ја продолжуваме соработката со Ракометната федерација на Македонија. Ракометот е спорт со длабока традиција и огромна поддршка кај јавноста, а Халкбанк со ова партнерство останува дел од успехот, емоциите и вредностите што ги носи македонскиот ракомет. Нашата поддршка е израз на доверба во спортот, спортистите и идните генерации“, – изјави Фатих Шахбаз, генерален директор на Халкбанк АД Скопје.

Од Ракометната федерација на Македонија посочија дека продолжувањето на партнерството има особено значење за федерацијата и националните селекции.

„Продолжувањето на соработката со Халкбанк е уште една потврда за заемната доверба и заедничката визија што ја градиме со години. Халкбанк е стабилен и сериозен партнер на македонскиот ракомет, а нивната поддршка од 2018 година, наваму, има значајна улога во развојот на националните селекции, натпреварувачките системи и целокупната ракометна инфраструктура. Со овој договор заокружуваме уште една важна година за Федерацијата и испраќаме јасна порака дека македонскиот ракомет има сигурни партнери и јасна насока за иднината. Благодарни сме за довербата на Халкбанк и веруваме дека заедно ќе продолжиме да создаваме услови за нови успеси и напредок на сите нивоа“, – истакна Александар Стефанов, претседател на Ракометната федерација на Македонија.

На настанот присуствуваа и македонските ракометари, кои со своето присуство ја заокружија атмосферата и ја потврдија блиската врска меѓу федерацијата, спортистите и поддржувачите на ракометот. Во рамки на неформалниот дел од настанот, ракометарите се задржаа на дружење со присутните и потпишуваа дресови.

Со договорот за 2026 година, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата определба да биде активен и одговорен поддржувач на националниот спорт. Поддршката на ракометот е дел од поширокиот пристап на Банката кон општествено одговорно делување, насочено кон развој на спортот, младите и вредностите што ја поврзуваат заедницата.

Можеби ќе ве интересира...

Колку чини еврото, а колку доларот? – Курсна листа за 25 март 2025

BiznisPRO

Во август 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 68 180 денари

BiznisPRO

Американците шверцуваат јајца: Преку граница се поевтини за 70 отсто

BiznisPRO