Халкбанк предупредува за обиди за злоупотреба на лични и финансиски податоци

Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека од 28 декември 2024 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажни пораки, кои се испраќаат до граѓаните на Македонија. Овие активности сè уште се актуелни.

Се испраќаат лажни SMS пораки со злоупотребено име на банката, кои содржат линк до лажни веб-страници со намера за измама. Целта на овие пораки е прибирање на податоци за платежните картички и можност за нивна злоупотреба.

Банката апелира до јавноста да се воздржи од отворање на линковите добиени преку ваквите пораки, да не внесува лични или финансиски податоци на посочените веб-страници и да биде внимателна.

Халкбанк АД Скопје истакнува дека никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку ваков тип пораки. Сите комуникации од страна на банката се одвиваат исклучиво преку официјални и безбедни канали.

 

Можеби ќе ве интересира...

Значително поскапување на дизелот – лоши вести за возачите

BiznisPRO

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место

BiznisPRO

Од јануари заклучно со 31 октомври РКЕ има издадено лиценци за нови фотоволтаични централи со вкупно инсталирана моќност од скоро 272 MW

BiznisPRO