Свет

ХРАНАТА ПОВТОРНО ПОСКАПУВА ВО САД – Празнична вечера за десет лица ќе чини 58,63 долари

Подготовката на традиционалната вечера за американскиот Ден на благодарноста годинава ќе ги чини домаќинствата повеќе отколку лани. Според годишното истражување на Американската федерација на фармери, просечната цена на оброк за десет лица изнесува 58,63 долари, што претставува зголемување од над шест проценти во однос на 2025 година.

Најголем придонес кон поскапувањето има мисирката, чија просечна цена за замрзнато парче од 16 фунти, односно околу 7,3 килограми, достигнува 23,68 долари. Тоа е раст од приближно десет проценти за една година. Дел од другите производи, меѓу кои одреден замрзнат зеленчук и состојки за десерти, забележале намалување на цените.

И покрај новото зголемување, просечната вредност на оброкот останува под рекордното ниво од 2022 година. Организацијата нагласува дека повисоките трошоци за гориво, производство и работна сила влијаат врз конечните малопродажни цени, но тоа не значи дека земјоделците нужно остваруваат поголема заработка.