Илон Маск најави нова платформа

Илон Маск продолжува да најавува нови услуги и подобрувања за X платформата, а овој пат добиваме услуга за е-пошта.

Сопственикот на платформата X најави почеток на нова услуга за електронска пошта, која ќе се вика Xmail.

Xmail беше замислен како алтернатива на постоечките и популарни услуги за е-пошта, како што е Gmail од Google.

Член на безбедносната инженерска програма на компанијата X праша на социјалната мрежа „Кога го градиме Xmail“, на што Маск одговори: „Доаѓа“.

Не е објавен конкретен датум кога се очекува услугата Xmail да стане достапна за корисниците.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на нафтата скокнаа на 78,76 долари

BiznisPRO

Кина повторно увезува црвено месо од Австралија

BiznisPRO

Утврдени нови цени на горивата

BiznisPRO