Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, декември 2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.1 % на месечно ниво, а повисоки за 5.3 % на годишно ниво.

Во декември 2024, во споредба со ноември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 1.9 % и Енергија за 0.9 %.

Во декември 2024, во споредба со декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 12.9 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9 % и Трајни производи за широка потрошувачи за 2.9 %.

Можеби ќе ве интересира...

Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија, но и малолетници

BiznisPRO

Дали во четврток треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 31 октомври 2024

BiznisPRO

Девизните резерви на историски максимум, макроекономската слика во рамките на очекувањата

BiznisPRO