Иновации и зелени практики во ТИТАН Усје – пример за одржлива иднина на МАСВА конференцијата

Над педесет домашни и странски експерти од областа на управувањето со отпад и кружната економија, го посетија ТИТАН Усје. Посетата беше во рамките на меѓународната конференција „Патување кон одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MASWA). Во рамките на обиколката на ТИТАН Усје, експертите ја посетија и постројката за алтернативни горива, која е дел од решението во креирање на систем за одржливо управување со отпад и воспоставување на принципите на кружната економија. Оваа постројка е единствена од ваков вид во земјата.

Во текот на презентацијата и стручните дискусии беше констатирано дека со имплементација на вакви технологии како системско решение се дава значителен придонес кон намалување на емисиите на CO₂. Беа презентирани и технолошките иновации и употребата на вештачката интелигенција во процесот на работа на компанијата, а беа истакнати и високите стандарди на групацијата ТИТАН, чиј дел е ТИТАН Усје, кои се имплементираат во секојдневната работа. Дел од делегацијата беше и претседателот на Меѓународната конференција за управување со отпад ИСВА, Џемс Лоy.

Покрај посетата на експертите на ТИТАН Усје, компанијата беше дел и од стручните излагања во рамките на конференцијата на MASWA.

Главниот извршен директор на компанијата Константинос Николаоу ги презентираше одржливите практики на компанијата и активностите што се преземаат во насока на креирање на одржлива иднина. Николаоу ги истакна ЕСГ стандардите на компанијата, употребата на алтернативните горива во насока на поголема декарбонизација и постигнување на целите за нула CO₂ емисии, како и моделите базирани на кружна економија во насока на зелената транзиција.

Декарбонизацијата е една од клучните области каде ТИТАН Усје има постигнато значителен напредок. Имено, компанијата е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија, со што значително се намалени емисиите на CO₂. Едно од клучните достигнувања е развојот на автономен систем за оптимизација на производството во реално време, преку што значително е зголемена ефикасноста на производството, намалена е потрошувачката на енергија и подобрен квалитетот на производите.
На панел-дискусиите поврзани со Климатските промени, декарбонизацијата и принципите на ЕСГ стандардите во управувањето со отпад учествуваа претставниците на Титан Групацијата Наташа Бакреска, Менаџер за животна средина и алтернативни горива во ТИТАН Усје, Панајота Мегагиани, менаџер за ESG перформанси и Кристина Мартавалзи, менаџер за декарбонизација на производството во групацијата.
Конференцијата која MASWA ја организира на секои две години, годинава беше одржана по шести пат. На годинeшната конференција учествуваа бројни домашни и меѓународни експерти, претставници на бизнис заедницата, институции, невладин сектор и академската заедница.

Можеби ќе ве интересира...

ЕБОР го презентира водечкиот Извештај за транзицијата во Скопје Изданието за 2024-2025 година со наслов: ,,Навигација во индустриските политики”

BiznisPRO

Цените се повисоки, а парите се помали: Во Германија се забележани огромни поскапувања

BiznisPRO

Животот се’ поскап – Расте инфлацијата со големи размери

BiznisPRO