ИНСПЕКЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ ЗА ПЕЛЕТИ – Црна Гора изрече казни од 4.700 евра

Црногорските власти објавија резултати од координирани инспекциски контроли кај производителите на пелети. Во акцијата биле спроведени 41 контрола и издадени десет прекршочни налози со вкупна вредност од 4.700 евра, додека во 13 случаи биле утврдени неправилности за кои е наложено отстранување.

Во инспекциската акција учествувале трудовата, пазарната, даночната, шумарската и инспекцијата за заштита при работа. Три фабрики биле затворени во денот на контролата, а надлежните најавиле дека и тие ќе бидат опфатени со дополнителни проверки.

Контролите се значајни во услови кога пелетите претставуваат важен извор на греење за многу домаќинства. Институциите наведуваат дека целта е законито работење, заштита на вработените и спречување пазарни неправилности.

Можеби ќе ве интересира...

ЦЕФТА и Заедничкиот регионален пазар како инструмент за забрзана интеграција кон ЕУ пазарот

BiznisPRO

Во Дубровник дневна карта за паркирање чини како ДВА ДЕНА ОДМОР

BiznisPRO

Потрошувачка кошничка во Црна Гора 2.000 евра

BiznisPRO