Ќе се одржи 52. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 26 септември 2024 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 52. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали платите го одразуваат растот на продуктивноста? – Споредба меѓу европскиот исток и запад“ од авторите Треновски, Б., Глигорич, Д., Кожески, К., Мерџан, Ѓ.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 25 септември 2024 година (среда).

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Можеби ќе ве интересира...

“Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

BiznisPRO

Откако илјадници семејства се снабдија со инвертери, цените на пелетите паднаа од 190 до 230 денари за вреќа со се достава

BiznisPRO

Ова се сите производи кои ќе бидат намалени со есенската кошничка

BiznisPRO