Кјобе: Независноста и кредибилитетот на Народната банка се предуслов за стабилноста

„Силна институционална и оперативна независност на централната банка е суштински предуслов за стабилна монетарна политика и заштита на економската стабилност“, оцени шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за нашата земја, Анет Кјобе, во интервју за МИА. Таа истакна дека стабилната основа на која е поставена монетарната политика на Народната банка овозможува успешно одржување на стабилноста на девизниот курс и контрола на инфлацијата, а овие резултати се должат на институционалната и оперативната независност на централната банка.

„Во неодамнешната мисија за процена на заштитните механизми го нагласивме доброто работење на Народната банка – нејзината независност, доброто управување, како и солидната финансиска рамка и рамката за управување со ризиците. Ова се основите врз кои се гради кредибилитетот на централната банка, што е клучот за стабилноста на цените и на девизниот курс, коишто мора да бидат заштитени“, изјави Кјобе.

ММФ исто така го истакна усогласувањето на Народната банка со највисоките меѓународни стандарди во однос на транспарентноста, отчетноста и комуникациските практики. Овие стандарди беа потврдени и со високите оценки во Извештајот за оценување според Кодексот за транспарентност на централните банки на ММФ за 2022 година.

ММФ искажа задоволство и од пристапувањето на земјава кон Единственaтa облaст за плаќања во евра (СЕПА) од март 2025 година – значаен чекор за земја што не е членка на ЕУ. Ова членство претставува резултат на успешната регулативна и законска хармонизација, спроведена под водство на Народната банка. ММФ го оценува процесот како сложен и интензивен, со што дополнително се нагласува стратегиската посветеност на централната банка кон високи регулативни стандарди и финансиска интеграција.

„Овие реформи не само што го зголемуваат кредибилитетот на финансискиот систем, туку и ја поставуваат Северна Македонија како лидер на Западен Балкан во областа на финансиската интеграција. Членството во СЕПА ќе овозможи побрзи, поевтини и побезбедни прекугранични плаќања во евра, што е од особено значење за земја со високи приливи на дознаки“, додаде Кјобе.

Можеби ќе ве интересира...

„Тиквеш“ заслужено доби повисок статус во групата водечки светски винарници за борба против климатските промени

BiznisPRO

КАКВО МЕСО ЈАДАТ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ? – Агенцијата за храна одзеде поголема количина на небезбедно месо, затворена и нелегална работилница за производство на месни производи

BiznisPRO

СЛЕДУВА ЕДЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ЗА ОВАА ГОДИНА, А ВО 2026-ТА ДУРИ 7 – Објавена е листата на неработни денови за следната година

BiznisPRO