dm Дрогерие Маркт ДООЕЛ Скопје е најдобрата компанија во земјава во категоријата „Трговија на мало со козметички и тоалетни препарати“. Ова признание вчера вечер беше доделено на манифестацијата „Бизнис Лидер“ на која се прославува извонредноста и успехот на најуспешните во македонскиот деловен свет.
Изборот е направен според објективни финансиски податоци, анализирајќи три клучни критериуми: висина на приходи, добивка и број на вработени. По сите нив dm Дрогерие Маркт ДООЕЛ Скопје е неприкосновен бизнис лидер во земјава во категоријата „Трговија на мало со козметички препарати“.
“Ова признание е потврда за високата доверба која ја ужива dm меѓу македонските купувачи. Истовремено е резултат на посветеноста и високата мотивираност на вработените, на повеќе од 300 наши колеги во 24 продажни објекти, кои несебично се вложуваат да обезбедат врвно искуство за пазарување, и да овозможат купување во еден пријатен и функционален простор. Ова е резултат и на стратегијата на dm како бренд, која во центарот ги става купувачите, настојувајќи тие да се чувствуваат пријатно и сигурно, лесно да се снајдат, и брзо да ги најдат саканите производи”, истакна Сандра Атанацковиќ Гурѓев, дел од маркетинг тимот на dm.
dm Дрогерие Маркт ДООЕЛ Скопје е компанија која негува култура на дијалог, заедништво и одговорност, во која постои стабилно и поддржувачко работно опкружување, што севкупно придонесува кон високо ниво на продуктивност и ефикасност во деловните процеси.
Церемонијата се одржа на 22 октомври 2025 година во хотелот „Александар Палас“, во опуштена атмосфера, на која присуствуваа менаџери, бизнис лидери од различни дејности. Истовремено се оддаде признание и на компании од други категории, а кои се препознаени како лидери во својата област кои придонесуваат за економскиот раст и развој на нашата земја, и промовираат висока деловна култура, транспарентност и конкурентност.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
