Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија

Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“.

-Еден од најголемите проект е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзинии. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и претставувањето лажна слика преку документација на обврзниците кои ја даваат пред УЈП, рече Лукаревска.

Таа рече дека за овој проект треба поголем период на тест фаза, за да може даночните обврзници да се навикнат на овој проект.

-Паралелно се трудиме да воведеме и е-фискализација. Со тоа, ќе овозможиме да се направи даночен информациски систем, проект кој ќе биде дел од интегриран информациски ситем за управување со јавните финансии, истакна директорката на УЈП.

Таа кажа дека во борбата со сивата економија придонесуваат и договорите потпишани преку „Отворен Балкан“ за размена на податоци, бидејќи полесно се откриваат фирмите со неколку седишта кои затајуваат данок.

Можеби ќе ве интересира...

Јавен повик за пријави на архитектонски решенија за големата годишна награда на Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија

Бизнис про

Три европски земји одлучија: Ќе градат гасовод

Бизнис про

Собранието изгласа – 330 илјади пензионери добиваат нова методологија за раст на пензиите и по 1000 денари следните три месеци

Бизнис про