МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка

Министерството за финансии изврши трансфер на нови 148,6 милиони денари или 2,4 милиони евра кон Развојната банка, средствата наменети за поддршка на инвестиции во домашните компании.

Со последниот трансфер од централниот буџет кон Развојната банка вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,5 милијарди денари или 235,8 милиони евра.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

Средствата што ги обезбеди Владата и се пласираат кон домашите компани по поволни услови се во насока на реализација на приватни инвестиции, коишто ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Можеби ќе ве интересира...

Дали денес треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 9.10.2024

BiznisPRO

Доаѓаат повеќе пари за пензионерите, покачување од 2.500 денари – но што со работниците?

BiznisPRO

По еден авион туристи дневно ќе носи во Македонија германската туристичка агенција “РСД”

BiznisPRO