МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5% на новоизградени станови до крајот на 2028 година

Повластената стапка на ДДВ од 5% за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието.

Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој тие се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата се продолжува од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2028 година.

Согласно постоечкиот Закон, беше предвидено повластената стапка на ДДВ од 5% на новоизградени станови да се применува до 31 декември 2025 година.

Можеби ќе ве интересира...

Отворената вештачка интелигенција ги удвојува приходите

BiznisPRO

Николоски: Од утре 11 нови директни летови од скопскиот и охридскиот аеродром

BiznisPRO

Македонските просветни работници земаат најниска просечна плата во регионот – еве во која држава најмногу се цени образовниот кадар

BiznisPRO