Минимално поевтинување на горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 65,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,429 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,862 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

Електродистрибуција инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината

BiznisPRO

Парада за најмладите по повод роденденската прослава на Diamond Mall

BiznisPRO

Продолжува инвестицискиот циклус на Lidl во Скопје: Почна изградбата на маркет во Гази Баба

BiznisPRO