- март 14, 2022
- 0 МИНУТА ЧИТАЊЕ
„Мојот стар живот заврши“: Еден од шефовите на „Аерофлот“ поднесе оставка и ја напушти Русија

Заменик директорот на руската авиокомпанија „Аерофлот“ соопшти дека поднел оставка и ја напуштил земјата.
Андреј Панов, заменик директорот на Аерофлот задолжен за маркетинг, на Фејсбук објави дека неговиот „стар живот е завршен“, а на почетокот на овој месец руските медиуми објавија дека земјата ја напуштил и извршниот директор на Аерофлот Михаил Полубојаринов, кој е од „Аерофлот“.
„Аерофлот“ беше сериозно погоден од санкциите на Западот поради војната во Украина, која, меѓу другото, забрани летање на нејзините авиони, а на компанијата и беше суспендирана испораката на резервни делови.
„Аерофлот“ одговори на санкциите со прекин на сите летови во странство.