фото Pixabay

„МОРГАН СТЕНЛИ“: Цените на нафтата може нагло да пораснат и да изненадат

ИНВЕСТИЦИСКАТА банка „Морган Стенли“ предупредува дека цената на нафтата годинава би можела да порасне повеќе отколку што некој очекува.

Како што пренесува угледниот портал „Оилпрајс“, цените на црното злато се зголемуваат во последните неколку недели, но овој тренд не е особено голем. Сепак, како што предвидува нафтениот стратег на Морган Стенли, Мартин Ратс, ова може да се промени подоцна во текот на годината. Всушност, цените би можеле толку нагло да пораснат што некои би можеле да изненадат. Тој наведува дека постои став дека растот на побарувачката на нафта годинава може да го задоволат производителите кои не се членки на ОПЕК, но количините што ги нудат не растат. Не се зголемуваат ниту залихите, што значи дека значително ќе се намалат во летниот период кога побарувачката расте.

Можеби ќе ве интересира...

Струмица е првата општина на Балканот која ќе понуди целосно еколошки превоз на граѓаните со електрични автобуси

BiznisPRO

Поскапија горивата во Македонија

BiznisPRO

ПОЕВТИНА ЦЕНА НА НАФТАТА На американскиот пазар потребно е да се издвојат нешто повеќе од 76 долари за барел

BiznisPRO