Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртиот квартал од 2025 година

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на четвртиот квартал од 2025 година:

На 31.12.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.586 милиони евра (или 27,1% од БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2025 година, е зголемен за 102 милиона евра, или за 2,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71%.

Во текот на четвртиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 25 милиони евра и изнесува 8.750 милиони евра, што претставува 51,6% од БДП за 2025 година.

Можеби ќе ве интересира...

ЕВН Македонија со награда за пионер во дуалното образование

BiznisPRO

Здравјето на жените во октомври: Важноста на редовните здравствени прегледи и осигурувањето

BiznisPRO

Ќе се воведува интелигентен транспортен систем на Коридорот 10 – потпишан Договор за грант со Светска банка

BiznisPRO