Народната банка ја објави платежната статистика за вториот квартал од 2024 година: Натамошен позитивен тренд на раст на дигиталните плаќања

Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за вториот квартал од 2024 година. Податоците покажуваат тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на решенијата за мобилно плаќање при електронско иницирање на кредитните трансфери, односно платните налози.

Имено, во вториот квартал од 2024 година, забележан е значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата, со картичките издадени од домашните даватели на платежните услуги од 17,2%, и 16,2%, соодветно. Растот на бројот на платежните трансакции се должи пред сѐ на високиот годишен раст на плаќањата во е-трговијата во земјата од 21,8%, при солиден раст од 16,8% и на плаќањата на терминалските уред ПОС.

Годишен раст е забележан и кај плаќањата на граѓаните со платни налози, особено кај бројот на платежните трансакции од 9,4%, како и помал годишен раст од 0,9% кај вредноста на остварените трансакции, при натамошна зголемена употреба на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања. Имено, бројот на платежните трансакции со користење на апликациите за мобилно плаќање во вториот квартал од оваа година е поголем за 44,3% од бројот на овие трансакции во истиот период од 2023 година, а солиден годишен раст од 12,6% е забележан и кај бројот на трансакциите иницирани преку онлајн банкарството. Притоа, со користење на апликациите за мобилно плаќање, граѓаните извршиле 63,7% од вкупниот број електронски иницирани платни налози, што укажува на сѐ поголемата употреба на решенијата коишто им овозможуваат побрзо и поедноставно иницирање на платежните трансакции.

Податоците од доменот на платежната статистика за вториот квартал од 2024 година, коишто покрај изнесените податоци за платежните трансакции на граѓаните во земјата, содржат и податоци за платежните трансакции на правните лица во земјата, се достапни на следнава врска.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 17 јануари 2025

BiznisPRO

Во Македонија има 694.506 вработени и 98.273 невработени лица – активното население е само 52.3 проценти

BiznisPRO

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

BiznisPRO