НЛБ Банка го започна Лидерскиот состанок во Охрид со општествено одговорна акција

На 27 и 28 март во Охрид се одржува традиционалната Лидерска конференција на НЛБ Банка, на која учествува раководството на Банката. Настанот претставува простор за размена на идеи, знаење и визија за иднината, како и за зајакнување на лидерските капацитети и насочување на стратегијата кон дигитална трансформација и современо банкарство. Паралелно со лидерскиот состанок, НЛБ Банка останува посветена на заедницата.

Под мотото „Создаваме подобар свет“, повеќе од 140 учесници на конференцијата, со општествено одговорна акција – садење лаванда во Холандскиот парк во Охрид, го означија почетокот на оваа значајна интерна средба.

„Садењето лаванда во Холандскиот парк во Охрид е симболичен почеток на нашата лидерска конференција, но и јасна порака за вредностите што секојдневно ги негуваме. Веруваме дека вистинското лидерство започнува со конкретни дела, преку грижа за заедницата и животната средина. Како партнер на заедницата, активно придонесуваме за нејзиниот развој, поттикнуваме економски просперитет и инвестираме во луѓето и образованието, затоа што веруваме дека вистинскиот напредок се постигнува кога секој има можност да расте. Токму со таква посветеност ја отвораме и нашата дискусија за иднина на нашата Банка – одговорно, одржливо и со јасна визија“, изјави Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

Овие заложби на Банката се темелат на трите столба на одржливост на НЛБ Групацијата – одржливо работење, одржливо финансирање и придонес во општеството. Во рамките на својата работа, Банката е фокусирана на намалување на влијанието врз животната средина, оптимизирање на ресурсите и забрзана дигитализација на услугите.

ФОТО ПР НА НЛБ

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 18 март 2026

BiznisPRO

ЕВН Македонија со награда за пионер во дуалното образование

BiznisPRO

ТРГНА ИСПЛАТАТА НА К-15 – Колку денари ќе легнат на сметките на работниците оваа година?

BiznisPRO