- февруари 25, 2022
- 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ
Нов мобилен оператор во Македонија – наскоро ќе излезе со понуда

На македонскиот пазар во делот за мобилна телефонија, наскоро се очекува освежување од новиот оператор М-тел (Телеком Србија), кој неодамна влезе на нашиот пазар со понуда за телевизија.
Операторот уште на самиот влез најави дека ќе ја прошири својата пелета на продукти и во делот на мобилната телефонија и интернет.
Деновиве на социјалните мрежи М-тел започна и со кампањата “наскоро низ цела Македонија”:
М-тел се очекува да понуди 4G и 5G услуги, и да биде силен конкурент во мобилната телефонија, со оглед дека зад неа стои еден најголемите оператори на Балканот, Телеком Србија.