НОВА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Кој колку должи за данок?

На Листата на должници бр.07/2025 објавени се 2005 должници – правни лица (повеќе за 7 од претходната листа) и 3939 физички лица (повеќе за 26 од претходната листа), информира УЈП.

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2025 изнесува 12.689.966.141 денари, (повеќе за 834.170.837 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.489.972.879 денари, (повеќе за 792.978.886 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 199.993.262 денари (повеќе за 41.191.951 од претходната листа).

Листата е достапна на следниот линк.

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.07/2025 за долгови доспеани до 31.03.2025 и неплатени до 30.06.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Можеби ќе ве интересира...

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

BiznisPRO

Нема спас за нив, загубите се зголемуваат: Отпуштаат уште 17.000 работници

BiznisPRO

Добра вест: Парите од “Мој ДДВ” конечно на сметките на граѓаните

BiznisPRO