Повластената ДДВ стапка за становите од 5% би можела да стане минато во 2026-та година, кога според најавите би можела да се искачи на 18 отсто, пишува Centar.mk.
Конечната одлука треба да ја донесе Владата, а во моментов се прават анализи од страна на Министерството за финансии за тоа дали по Нова година цената на становите ќе скокне со покачувањето на ДДВ.
Ваквата стапка од 5 проценти беше воведена како антикризно средство уште во 2010 година и требаше да важи само 5 години, но секоја година се пролонгираше.
Последната одлука падна во 2023-тата година кога беше донесена одлука мерката да продолжи до декември 2025, а во моментов се прават анализи дали ќе има ново пролонгирање или пак ДДВ ќе се подигне на 18 отсто, што добро би и дошло на државната каса.
Моментално становите во поголемиот дел од населбите достигнаа и над 2.000 евра за квадрат, а граѓаните се потешко може да стигнат до толкава сума дури и преку станбен кредит, и покрај тоа што некои од банките даваат ниски каматни стапки, пишува Centar.mk.
Властите претходно најавија дека и е можно враќање на проектот купи куќа купи стан за млади, но во поинаква форма, објави Centar.mk.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...