Новото поглавје започнува: Tessa Group

Tessa Group е новиот бренд кој ги обединува силите на Инфософт Системс Скопје и ЦПП Услуги, чекор кој не е само промена на име, туку симбол на обединетост, визија и континуиран напредок.

Сопственикот Ајри Шеј, за ова ребрендирање истакна дека е повеќе од визуелна промена:
„Денес започнува ново возбудливо поглавје за сите нас – исполнето со свежи можности и обновена цел. Со ова ребрендирање, лично сакам да ја споделам нашата силна посветеност кон мисијата што отсекогаш нѐ води: да испорачаме сигурни, иновативни и одржливи решенија, секогаш водени од нашите заеднички вредности – интегритет, одговорност и фокус кон клиентите. Нашата визија е храбра – да изградиме глобална алијанса од доверба каде технологијата поврзува, безбедноста штити, а енергијата одржува. Заедно ќе создадеме попаметен, побезбеден и поефикасен свет. Нашиот слоган, „Empowering what’s next“, совршено го отсликува тој дух. Тоа не е само фраза – тоа е ветување. Ветување дека ќе продолжиме напред со храброст, посветеност и грижа. Не можам да бидам по горд што го чекориме овој пат заедно – обединети, горди на тоа кои сме, и подготвени да го создадеме она што следи.“

 

Името Tessa произлегува од петте клучни столба на групацијата:
Technology, Energy, Security, Systems и Alliance – заедништвото што ја дефинира нашата сила.

Во рамките на новата структура ќе функционираат:

  • Tessa Tech Skopje и Tessa Tech Prishtina – технолошкиот двигател на групацијата,
  • Tessa Sec Skopje и наскоро Tessa Sec Prishtina – лидерите во областа на сајбер безбедноста,
  • Tessa Energy и EnergyEcoLink – двигатели на одржливи и еколошки извори на енергија,
  • и ИТД Дистрибуција – членка на групацијата со долгогодишно искуство и доверба на пазарот.

Ребрендирањето ја зацврстува позицијата како регионален лидер кој не се плаши од промени, туку ги прегрнува како двигател на растот.

На настанот се обратија и генералните менаџери на компаниите кои се дел од групацијата, кои ја потврдија заедничката визија и решеноста за понатамошен раст.

Душко Темков, генерален менаџер на Tessa Tech Skopje, потенцираше дека припадноста кон Tessa Group е потврда за заедничката сила и довербата што групацијата ја гради со години, а Филип Симеонов, генерален менаџер на Tessa Sec Skopje, истакна дека обединувањето под Tessa Group отвора нови можности за развој и регионална соработка во областа на безбедноста.

Биљана Шеновска, генерален менаџер на ИТД Дистрибуција, нагласи дека новото име претставува чекор кон уште поголема интеграција на технолошките решенија и експертизата што ја носи тимот.

Нивните пораки ја зацврстија суштината на новиот бренд – Tessa Group не е само промена на име, туку потврда на заеднички дух, вредности и амбиции.

Можеби ќе ве интересира...

Во маркетите цената на маслото, јајцата, сувомеснатите производи растат – литар масло повторно стигна околу 100 денари за литар

BiznisPRO

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година

BiznisPRO

Народната банка ја информира јавноста за одржувањето на 51. сесија на Клубот на истражувачите

BiznisPRO