ОД ДЕНЕСКА ПОЧНУВА ВАЖЕН ПЕНЗИСКИ РОК – Лицата со бенефициран стаж имаат три месеци да одлучат

Од 20 октомври започнува законскиот период во кој членовите на задолжителните пензиски фондови со бенефициран стаж можат да изберат дали ќе го продолжат своето членство во вториот пензиски столб. Според официјалното известување на МАПАС, ова право го имаат лицата чиј бенефициран стаж овозможува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година. Крајниот рок за доставување писмена изјава е 20 јануари 2027 година.

Доколку лицето не достави изјава во предвидениот рок, членството во задолжителниот приватен пензиски фонд ќе престане, а средствата од индивидуалната сметка ќе бидат префрлени во државниот Фонд на ПИОСМ. МАПАС појаснува дека лицата што веќе поднеле изјава во претходните години немаат обврска повторно да ја доставуваат. Станува збор за значајна одлука што може да влијае врз начинот на идното пензиско осигурување, па засегнатите граѓани треба да ги проверат условите пред да изберат.

Можеби ќе ве интересира...

Дали треба да се посети менувачница во четврток? Курсна листа за 25 октомври 2024

BiznisPRO

Курсна листа за 11 март 2025

BiznisPRO

Во втората половина од 2024та приходите од царина со раст од 13,8%, од акциза за 8,9%, случаите на заплени со 100% раст

BiznisPRO